Сегменти на производи

Внесете го текстот за пребарување

Текст за пребарување

MакедонскиMакедонски
Производот е додаден на вашиот список со желби.
Производот беше успешно додаден во споредбата на производи.
LiebherrЛадење и замрзнување
ЛадилнициЗамрзнувачиФрижидери за виноЗа професионална употребаСервисУживајте во LiebherrДруги сегменти на производиСеверна Македонија (mk)
product image 0
  • Димензии на ниша висина/ширина/длабочина - 82 - 88 / 60 / 56,0 cm

  • Вкупна зафатнина - 127 l

  • Нивото на бучава - 36 dB

TouchControl

Само со еден допир можете да го поставите вашиот Liebherr на 3, 5, 7, или 9 °C со TouchControl. Толку едноставно - и ефикасно, затоа што тенкото копче е интегрирано во внатрешноста, оставајќи повеќе простор за сите ваши свежи производи.

Фиока за овошје и зелечнук

Фиоката за овошје и зелечнук ви овозможува да ги чувате свежите производи на практичен и организиран начин. Благодарение на компактниот, но простран дизајн, во фиоката може да чувате големо количество овошје и зеленук. Проѕирната конструкција овозможува лесна видливост и брз пристап, а благодарение на површината што лесно се чисти, одржувањето ќе биде без мака. Совршено за оние што сакаат да имаат свежина и организираност во фрижидерот.

TouchControl

Само со еден допир можете да го поставите вашиот Liebherr на 3, 5, 7, или 9 °C со TouchControl. Толку едноставно - и ефикасно, затоа што тенкото копче е интегрирано во внатрешноста, оставајќи повеќе простор за сите ваши свежи производи.

Полици GlassLine

Ако чувате бокал или висок сад во фрижидерот, не мора да ја вадите целата стаклена полица. А и зошто би ги направиле тоа? Затоа што има стаклени полици што се раздвојуваат. Едноставно лизнете ја предната половина на стакелната полица под задната половина. Тоа ви овозможува да ставите повисоки садови на предниот дел и сепак да имате доволно простор за друга храна.

Полици на вратата

Уживајте во уште поголемата флексибилност и практичност при чувањето на храната: Двете полици на вратата може да се поместат, а висината може да им се приспособи по потреба. Тоа значи дека конзервите или малите теглички со капак ќе се чуваат на безбедно и лесно достапно место. Освен тоа, полиците од не'рѓосувачки челик изгледаат елегантно.

Приспособување на висината на стаклените полици за поголема удобност

Дали треба да ставите поголем сад во фрижидерот? Ако е така, едноставно приспособете ја висината на којашто ги вметнувате стаклените полици. Лесното приспособување на висината значи дека тоа може да го направите брзи и самостојно - дури и со храна што веќе стои на полиците.

Опрема што е соодветна за миење во машина за садови

Опремата на вашиот Liebherr е двојно практична: Од една страна поддржува секојдневна употреба, а од друга страна лесно се чисти. Дали садот за путер, FlexSystem или садот за коцки мраз треба да се исчистат? Слободно ставете ги во машина за миење садови. На тој начин имате повеќе време за други работи.

Група на производ
Декоративен фрижидер под шалтер
GTIN
9005382260074
Series
Pure

*

Во согласност со Регулативата ЕУ 2019/2016 година, вкупниот волумен го претставуваме како цел број (заокружен надолу) и волуменот на одделите за замрзнување и свежа храна со едно децимално место. Целосниот спектар на класи на ефикасност може да се најде на страница 9. Според (ЕУ) 2017/1369 6а. Терминот „волумен“ се однесува на терминот „волумен“ споменат во сегашната регулатива.

Имајте предвид: И покрај внимателното одржување на податоците, го задржуваме правото да правиме технички промени и може да има грешки и отстапувања во содржината на сликата и текстот во споредба со оригиналниот апарат.