Ладење и замрзнување

BioFresh

BioFresh – Уживајте во безвременска свежина на храната

Максимално искористете ја свежата храна: Со BioFresh. Комбинацијата од совршена влажност и идеална температура ја чува храната свежа многу подолго. Така целосно можете да уживате во природниот вкус и во сите хранливи состојки и витамини. Складирајте овошје и зеленчук кога се најзрели. Бидете сигурни дека месото ќе остане совршено сочно и вкусно. Или чувајте ги свежо уловената риба и морски плодови свежи уште многу повеќе денови. Благодарение на оптималните услови за чување. Со BioFresh. Уживајте во безвременската свежина на храната.

Одржувајте ја храната свежа подолго време

Зачувајте ги витамините и хранливите материи

Фрлајте помалку храна

BioFresh: Совршена клима за вашата храна.

Сочни цреши, свежо набрана зелена салата и сочен ананас - кој би можел да каже „не“ на тоа? Добро е да знаете дека овошјето и зеленчукот ги обезбедуваат сите витамини и минерали кои се важни за организмот. Со технологијата на Liebherr BioFresh создавате оптимални услови за складирање, така што вредните витамини и минерали се зачувуваат подолго. Преградата BioFresh формира зона од 0 степени во фрижидерот. Притоа, други области, како што е преградата за ладење, може да одржуваат различна температура независно од преградата BioFresh.

Фиоки BioFresh

Фиока за овошје и зеленчук

Знаеме дека имате високи очекувања за вашата храна. Така и треба. Уживајте во свежите овошје и зеленчук од нашата фиока Fruit & Vegetable, во која нашите инженери искомбинираа висока влажност со температура малку над 0 °C со помош на технологијата BioFresh. Резултатот е преграда во фрижидерот со 0 степени што овозможува 100 % свежина и 0 % оштетување од мраз. Лесно ја чува марулата свежа до 13 дена, а јаболката и кивите до 80 дена.

Фиока Meat & Dairy

Додека овошјето и зеленчукот сакаат влажна клима, месото и млечните производи стојат подолго во посува околина на ниска температура. Во фиоката Meat & Dairy тие може да се чуваат дури и со недели или со месеци. Совршена е за деликатеси како што е саламата. Или почестете се со вкусен чедар – може да направите даска со кашкавали кога и да посакате. Така е бидејќи колку подолго стои свеж, толку подолго стои вкусен.

BioFresh Professional со HydroBreeze

Новата технологија за ладење HydroBreeze е пример за нашите стандарди за максимална свежина: ладна магла како мелем која што ги покрива овошјето и зеленчукот во преградата BioFresh Professional. Таа обезбедува безпрекорна свежина, ја подобрува структурата и овозможува да се чуваат дури и зеленчуците со нежни листови дополнително долго време. Дополнително, се создава визуелен ефект на изненадување во преградата BioFresh Professional.

Повеќе за HydroBreeze

BioFresh Professional со фиока Fish & Seafood

На трпезата свежи како тогаш да биле фатени – со фиоката Fish & Seafood, рибата и морската храна остануваат свежи подолго на температура од -2 °C и на ниска влажност. Благодарение на нашиот иновативен развој, со BioFresh Professional го решивме проблемот со брзото расипување на чувствителната храна. За вас ова значи дека секој ден може да биде кулинарски празник со медитеранска храна право од морето. Збогувајте се со секојдневниот стрес.

Самостојни фрижидери со технологија BioFresh.

Вградени уреди за ладење со технологија BioFresh.

  • Надворешни димензии: висина / ширина / длабочина 202,7 / 91 / 62,5 cm

  • Вкупна зафатнина 522 l

  • Надворешни димензии: висина / ширина / длабочина 201,5 / 59,7 / 67,5 cm

  • Вкупна зафатнина 360 l

01/03

Одржливост со традиција.

Со генерации се трудиме да направиме разлика со нашите производи, не само во смисла на квалитетот туку и во одржливоста. Нашата цел е да ве поддржуваме во оптималното складирање на храната и свесниот начин на живот на дневна основа. Од оваа замисла произлезе технологијата BioFresh. Го продолжуваме рокот на траење на вашата храна преку различните климатски зони кои се совршено прилагодени на барањата на производите. Или со други зборови: вашата храна останува свежа подолго време, ги намалувате остатоците и отпадот од храната и заштедувате пари. Тоа е добро за вас и за животната средина.

Виталност од фрижидерот.

Телото претставува чудо на природата, исто како и хранливите материи кои му се потребни за да остане витално, во форма и функционално. Со технологијата BioFresh во преградата за зеленчук во вашиот фрижидер, храната останува богата со витамини и минерали, за да ви обезбеди сè што ви е потребно за активно секојдневие. Секако, не се занемарува ниту уживањето, бидејќи свежата храна едноставно има подобар вкус.

Најчесто поставувани прашања за BioFresh.

BioFresh е една од технологиите за свежина на Liebherr. Се базира на знаењата за правилните услови за чување на храната. Преку развивање на посебни прегради со идеална клима за секоја група производи, храната останува свежа и добра за конзумирање подолго време. Бидејќи температурата на фиоката за зеленчук со BioFresh изнесува 0 °C, истата може да се опише како зона од 0 степени во фрижидерот.

За подолго складирање и зачувување на хранливите материи, важна е совршената интеракција помеѓу влажноста на воздухот и температурата. Секоја храна - од овошје и зеленчук преку месо и млечни производи до риба и морски плодови - има свои барања за идеални услови. Флексибилно прилагодливите прегради BioFresh ги исполнуваат овие барања и на тој начин обезбедуваат подолг рок на траење. Запознајте ги и нашите други технологии за ладење, како HydroBreeze и DuoCooling.

Преградите BioFresh првенствено се разликуваат по влажноста на воздухот која преовладува таму. Додека овошјето и зеленчукот се чуваат во средина со висока влажност на воздухот во преградата Fruit & Vegetable со цел да се зачуваат што е можно повеќе витамини и хранливи материи без губење на многу вода, млечните и месните производи претпочитаат посува средина. Во фиоката Meat & Dairy, технологијата BioFresh обезбедува најниска можна влажност.

Да, сè додека преградата BioFresh е поставена на температура од 0 °C, рибата може без двоумење да се чува во зоната од 0 степени во фрижидерот. Доколку сакате рибата да ви трае подолго време, треба да се потпрете на BioFresh Professional со фиока Fish & Seafood. Во оваа климатска зона, температурата може да се спушти до -2 °C независно од другите прегради. Овде рибите и морските плодови остануваат свежи подолго време.

Со BioFresh-Safe, можете да уживате во неотпакуваната храна и до неколку недели. Дури и сирењето може на овој начин да се чува неколку месеци. Технологијата BioFresh го зголемува рокот на траење на многу намирници во споредба со обичен фрижидер без BioFresh. Погледнете ја нашата картичка на преклопување BioFresh и дознајте го точниот рок на траење за вашата омилена храна.

Да, комбинациите на фрижидер и замрзнувач со BioFresh опционално се опремени или со NoFrost во горниот дел за замрзнување или со технологијата SmartFrost. Вие одлучувате која од технологиите да биде вклучена во вашиот уред. Додека со SmartFrost не мора да одмрзнувате толку често, тоа воопшто не мора да го правите со технологијата NoFrost. Некои модели на двокрилни фрижидери BioFresh се опремени и со NoFrost во преградата за замрзнување.

Технологиите BioFresh и EasyFresh обезбедуваат идеална влажност во соодветната климатска зона. И двете технологии користат принцип на цврсто диктување, што ја зголемува влажноста. Разликата е во температурата: Температурата во фиоката EasyFresh е иста како и во останатиот дел од фрижидерот. Температурите во преградата BioFresh се блиску до 0 °C. Преградата од 0 степени во фрижидерот ви нуди нови можности за независно поставување на температурата. Одлучете се за фрижидер со преграда за зеленчук кој ви овозможува индивидуално чување на храната.

На дополнителни прашања за нашите производи одговараме во Често поставувани прашања.

Дали имате прашања или ви треба совет?

Дали барате нов фрижидер или замрзнувач? Само кажете ни што е важно за вас и ние ќе го најдеме вистинскиот модел за вашите индивидуални потреби. Дали веќе имате некој од нашите фрижидери или замрзнувачи и би сакале совет за начинот на употреба и за ракувањето? Обратете ни се. Со задоволство ќе ви помогнеме.

Можете да ни се јавите по телефон од понеделник до петок, од 8:30 до 17:00 часот.

Телефонска линија

00800 50 80 9000

Стапете во контакт со нас

Во формуларот за контакт

Нашите сервисни партнери

Најдете сервисни партнери