Фрижидери за одржување на температурата на виното
Фрижидери за одржување на температурата на виното
Каков фрижидер за одржување на температурата на виното барате?
Карактеристики на фрижидерите за одржување на температурата на виното
Уживајте во вина по мерка
Вината најдобро се чуваат на константна температура. Ова ја зачувува целата низа вкусови. Можеби вашата оптимална температура за пиење е поладна 6°C или потопла 15°C. Со фрижидер за одржување на вино, не мора да правите компромиси за тоа во кои вина ќе уживате. Едноставно поставете ја секоја температурна зона на нивото на кое сакате да го пиете виното.
Прецизна, електронска контрола
Комбинацијата на прецизна електронска контрола и најсовремената технологија за контрола на климата гарантира дека поставените температури во фрижидерот за одржување на температурата на виното остануваат константни – без оглед на температурата на околината. Со дигиталниот приказ на температурата, постојано сте информирани за поставените вредности.
Оптимален квалитет на воздухот внатре
Квалитетот на амбиенталниот воздух е особено важен за идеално складирање и одржување на вината. Лесно заменливиот филтер со активен јаглен FreshAir во фрижидерите за одржување на температурата на виното обезбедува идеално снабдување со свеж воздух и на тој начин создава оптимален квалитет на воздухот - без да се префрлаат мириси на виното.
Идеална влажност зa тапите
Штом вината се изложени на премногу сува клима подолг временски период, плутата станува кршлива и се собира. Тогаш нема ништо што би го спречило влегувањето кислородот во шишето, со што се зголемува ризикот од оксидација. Фрижидерот за одржување на температурата на виното одржува постојана влажност од над 50 %, така што плутите и виното се чуваат во најдобри услови. Покрај тоа, влажноста може да се прилагоди индивидуално.
Врати со изолационо стакло за јака UV-заштита
Ултравиолетовите зраци може да предизвикаат вината да созреат непожелно и пребрзо. Бидејќи знаеме дека шишето само по себе не обезбедува доволна заштита, го опремивме фрижидерот за одржување на температурата на виното со изолациско стакло отпорно на ултравиолетова светлина. Специјалниот дизајн со две стакла ја минимизира изложеноста на радијација и го рефлектира речиси целото штетно UV-зрачење.
Ефикасна заштита од вибрации
Нашите инженери развија компресори со екстремно ниски вибрации за фрижидерите за одржување на температурата на виното. Благодарение на придушувањето на вибрациите, преносот на вибрации е ефикасно спречен и вината се чуваат без тресење. Дајте им го на извондредните вина одморот што го заслужуваат.
Најчесто поставувани прашања за фрижидерите за одржување на температурата на виното
Идеалните услови за складирање и зреење вина на постојани температури може да се најдат во фрижидер за вино со повеќе температури. Фрижидерот за одржување на температурата на виното обезбедува оптимална температура за пиење во најмногу три температурни зони, кои можете да ги поставите поединечно и независно.
Да, фрижидерите за одржување на температурата на виното се достапни како целосно вградени или самостојни модели со висини на апаратот до 100 см. Алтернативно, може да го користите бројот на шишиња „Бордо“ што се вклопуваат во мал фрижидер за одржување на температурата на виното како водич.
Исто како мал фрижидер за одржување на температурата на виното, кај нас може да набавите и тесни фрижидери за одржување на температурата на виното. Ширината на апаратот за тесен целосно вграден или самостоен модел е помалку од 62 см.
Зависно од моделот, фрижидерот за одржување на темтературата на виното има две или три зони што може индивидуално да бидат поставени на точна температура помеѓу +5°C и +20°C.
Дали сакате да ги чувате белите и црвените вина во фрижидерот за одржување на температурата на виното? Секое вино има различни барања кога станува збор за неговата совршена температура. Во двозонскиот фрижидер за вино, ги поставувате токму во соодветната зона за да ги одразуваат индивидуалните барања на виното. Дали ви е важно да имате при рака шампањ на совршена температура за пиење за специјални прилики? Тогаш препорачуваме фрижидер за одржување на температурата на виното со три зони.
Кога купувате фрижидер за одржување на температурата на виното од Liebherr, може да бидете сигурни во правилото „Златна петка“ за чување и одржување вина:
1. Постојани температури помеѓу +5°C и +20°C.
2. Оптимален квалитет на воздухот со филтер со активен јаглен.
3. Заштита од вибрации благодарение на компресорите со ниски вибрации.
4. UV-заштита благодарение на специјалната структура и LED-осветлувањето без UV-изложување.
5. Идеална влажност од преку 50 %.
Дали имате прашања или ви треба совет?
Дали барате нов фрижидер или замрзнувач? Само кажете ни што е важно за вас и ние ќе го најдеме вистинскиот модел за вашите индивидуални потреби. Дали веќе имате некој од нашите фрижидери или замрзнувачи и би сакале совет за начинот на употреба и за ракувањето? Обратете ни се. Со задоволство ќе ви помогнеме.
Можете да ни се јавите по телефон од понеделник до петок, од 8:30 до 17:00 часот.