Сегменти на производи

Внесете го текстот за пребарување

Текст за пребарување

MакедонскиMакедонски
LiebherrЛадење и замрзнување
ЛадилнициЗамрзнувачиФрижидери за виноЗа професионална употребаСервисУживајте во LiebherrДруги сегменти на производиСеверна Македонија (mk)
Производот е додаден на вашиот список со желби.
Производот беше успешно додаден во споредбата на производи.

Кликнете ОБЈАВИ ВИДЕО и следете ги известувањата за заштита на податоците.

Ветување за квалитет.
Изработено за век.

Повеќе од 60 години, ние сме специјалисти за ладење за висококвалитетни фрижидери и замрзнувачи. Квалитетот на производите претставува цврста основа за големата доверба на потрошувачите во брендот Liebherr. На сите локации за производство, постојано работиме на понатамошен развој и оптимизација на сите компоненти и материјали на апаратите.

Истражување и развој

Вложени се огромни знаења, развој и внимание на детали во секој еден апарат на Liebherr. Пред еден апарат да влезе во сериско производство, нашите инженери посветуваат месеци во истражување и развој за да создадеме висококвалитетен производ што ги исполнува највисоките стандарди.

Апаратите и компонентите поминуваат низ постојано следење за квалитет во текот на целиот производствен процес. Така сме сигурни дека само апаратите со највисок квалитет излегуваат од погоните за производство. Нашите висококвалификувани и добро обучени вработени се исто така централен фактор. Благодарение на нивната посветеност, поставуваат високи стандарди и го гарантираат врвниот квалитет на Liebherr.

Вработените се клучот на успехот.

Нашиот квалификуван персонал произведува висококвалитетни фрижидери и замрзнувачи за да ги задоволи врвните ваши барања во модерните призводствени погони. Вработените се педантни во деталите за да бидат сигурни дека секој апарат ги задоволува највисоките стандарди за квалитет.

Тестирани материјали

Како врвен производител, поставуваме највисоки стандарди за апаратите и компонентите. Не залудно нашите фрижидери и замрзнувачи ги импресионираат потрошувачите низ светот со долгиот век на траење. Сите компоненти внимателно се проверуваат во сложени процедури за тестирање - до најситниот детаљ. Така сме сигурни дека апаратите ги задоволуваат највисоките стандарди за квалитет и во приватниот и во комерцијалниот сектор.

Практична употреба

Благодарение на интегрираниот SoftSystem, вратите на апаратите Liebherr се затвораат автоматски од агол на отворање од приближно 30°. Со ова се обезбедува нежно затворање дури и кога внатрешната врата е целосно полна. Во повеќето домаќинства вратата од фрижидерот се отвора повеќе пати дневно секој ден и често е полна до максимум. Пред да дадеме одобрение за една шарка на врата, таа мора да помине низ најмалку 100.000 циклуси на отворање. Ова одговара на употреба од повеќе од 15 години. На крајот на краиштата, треба да може да уживате во вашиот Liebherr многу долго.

Уверете се сами. Проверете го асортиманот на производи тука.

Liebherr freestanding wine tempering fridge WPgbi 7483 Vinidor Selection