Сандаци за длабоко замрзнување
Сандаци за длабоко замрзнување
Сандаци за длабоко замрзнување се нови сестрани работници.
Нашите сандаци за длабоко замрзнување имаат простор каде што можете да ја чувата целата ваша храна. Тие се познати не само по големиот волумен, туку и по нивната економична потрошувачка. Системот StopFrost значително го намалува создавањето мраз на замрзнатата храна, додека пак механизмот SoftSystem обезбедува нежно затворање на капакот на сандакот. Истовремено, штделивите LED-светилки обезбедуваат оптимално осветлување. Со други зборови: не штедите енергија само преку осветлувањето, туку исто така и при отворањето и затворањето. Не е ниту премногу ладно ниту премногу топло за храната - ниту, пак, е премногу бучен, ниту бара премногу од вас.
Што ви е важно кога станува збор за сандаци за длабоко замрзнување?
Знаеме дека имате високи стандарди кога се работи за вашите фрижидери и замрзнувачи. Тука настапуваме ние. Покрај високите перформанси, зачувувањето на ресурсите е исто така многу важно. Што ако ви кажеме дека го имаме вистинскиот замрзнувач за вас, којшто исто така е и многу тивок? Со традиција и потребното знаење, развиваме сандаци за длабоко замрзнување што не ви ги трошат парите и времето, а истовремено се максимално тивки и ефикасни.
Најчесто поставувани прашања за нашите сандаци за длабоко замрзнување.
FrostProtect ви овозможува да го поставите вашиот замрзнувач во која било просторија, дури и во незагреана. Благодарение на FrostProtect, замрзнатата храна може безбедно да се чува на екстремна температура од -15°C во околината. Вашата замрзната храна останува добро заштитена, без дополнителен трошок за електрична енергија, затоа што нашите замрзнувачи ќе продолжат ефикасно да работат.
Благодарение на системот SmartFrost, нашите фрижидери работат навистина ефикасно. Нашите фрижидери SmartFrost се добро изолирани, што во голема мерка го намалува нафаќњето мраз во внатрешноста. Овие уреди треба да се одмрзнуваат најмногу на неколку години. Мазните внатрешни ѕидови уште повеќе го олеснуваат чистењето. На крај, испарувачот, којшто е вграден и обвиткан со пена за изолација, не само што обезбедува еднакво ладење, туку е и познат по својата висока енергетска ефикасност.
Сите наши сандаци за длабоко замрзнување имаат звучен сигнал за предупредување. Овој сигнал се огласува кога температурата на замрзнувачот не е доволно ниска или кога вратата или капакот се предолго отворени. Можни причини за зголемување на температурата би можеле да бидат навлегување топол воздух од околината, подолг прекин во снабдувањето со електрична енергија или расипан уред. Звучниот сигнал може да се исклучи со допирање на екранот. Меѓутоа, сигналите за предупредување се разликуваат во зависност од индивидуалните модели. На пример, пораките за предупредување кај некои наши модели може да изгледаат различно. Поради оваа причина, погледнете во упатствата за работа за вашиот модел, во случај кога не сте сигурни. Лесно може да ги разгледате онлајн.
Вашата храна добро ќе биде складирана во сандак за длабоко замрзнување на температура од -18°C. За да ја одржувате храната ладна долг временски период и за да бидете сигурни дека ќе има свеж вкус кога ќе се одмрзне, секогаш треба да проверувате дали е температурата правилно поставена. Температура под -18°C непотребно троши електрична енергија, но не го продолжува рокот на траење на храната.
Одговори на сите прашања што може да ги имате за нашите производи ќе најдете во нашите Често поставувани прашања.
Дали имате прашања или ви треба совет?
Дали барате нов фрижидер или замрзнувач? Само кажете ни што е важно за вас и ние ќе го најдеме вистинскиот модел за вашите индивидуални потреби. Дали веќе имате некој од нашите фрижидери или замрзнувачи и би сакале совет за начинот на употреба и за ракувањето? Обратете ни се. Со задоволство ќе ви помогнеме.
Можете да ни се јавите по телефон од понеделник до петок, од 8:30 до 17:00 часот.