Ладење и замрзнување

Фри­жидери Угостител­ство

Цврсти разладни решенија за угостителство

Високи температури, мал простор, многу уреди за ладење и замрзнување во угостителството, хотелиерството и кетерингот мораат да издржат многу и да траат долго. Фрижидерите за угостителство на Liebherr безбедно ја чуваат храната со постојани перформанси на ладење, дури и при амбиентални температури до +43 °C. Благодарение на ефикасниот систем за ладење, тие импресионираат со нивната одржливост и малата потрошувачка за вкупните оперативни трошоци.

Нови фрижидери за угостителство

Развиени за професионални кујни: Вашите намирници ќе се ладат безбедно и ефикасно во нашите нови уреди за ладење

Фрижидери за угостителство, хотелиерство и кетеринг

Предностите на нашите разладни уреди за угостителство

Едноставно чистење

На пример, нашите уреди за угостителство се опремени со внатрешни садови кои може лесно и темелно да се избришаат. Предните делови, преградите и решетките исто така лесно се чистат.

Безбедност и аларми

Безбедносните функции се грижат вашата храна да биде секогаш правилно изладена и да нема губење на квалитетот. Различните алармни системи веднаш предупредуваат.

Перформанси за ладење

Температурите до +43 °C и честото отворање на вратите не можат да им наштетат на вашите намирници: Иновативните компоненти, средствата за ладење и прецизните контроли се совршено усогласени.

Опрема

Благодарение на добро осмислените детали, интелигентните функции и високиот квалитет на материјалите, нашата опрема за ресторани, хотели и угостителската индустрија нуди максимална удобност при користењето и одвивање на работата без напор.

Вие обезбедете вискоквалитетни состојки. Ние ќе се погрижиме за останатото.

Кога станува збор за ефикасноста, не обрнуваме внимание само на еден фактор. Се фокусираме на неколку во исто време:

  • Мала потрошувачка на енергија
  • Многу простор за намирници
  • Долг рок на траење на продуктите
  • Едноставно одржување
  • Ниско ниво на бучава

Нашите услуги

Енергетска ефикасност

Заштеда на трошоци и ресурси.

Доверлив квалитет

Долг работен век и гаранција за резервни делови.

Над 60 години искуство

Развиени во Германија, произведени во Австрија.

Дали имате прашања или ви треба совет?

Дали барате нов фрижидер или замрзнувач? Само кажете ни што е важно за вас и ние ќе го најдеме вистинскиот модел за вашите индивидуални потреби. Дали веќе имате некој од нашите фрижидери или замрзнувачи и би сакале совет за начинот на употреба и за ракувањето? Обратете ни се. Со задоволство ќе ви помогнеме.

Можете да ни се јавите по телефон од понеделник до петок, од 8:30 до 17:00 часот.

Телефонска линија

00800 50 80 9000

Стапете во контакт со нас

Во формуларот за контакт

Нашите сервисни партнери

Најдете сервисни партнери