Енергетска ефикасност фрижидери, замрзнувачи и комбинирани фрижидери и замрзнувачи
Вие погрижете се за тоа што го јадете. Ние ќе се погрижиме за останатото.
Нашите фрижидери се постојано на врвот на листите. И не само во смисла на економичност.
Нашите шампиони за ефикасност се навистина сестрани. Покрај малата потрошувачка на енергија, тие имаат и импресивно ниско ниво на бучава, многу простор за храна, долг работен век и доволно резерви на енергија за тогаш кога е навистина потребно.
Кога станува збор за ефикасноста, не обрнуваме внимание само на еден фактор. Се фокусираме на неколку во исто време. Или со други зборови: веруваме дека сите добри работи доаѓаат во комплет од по пет.
Иста ефикасност. Различна ознака.
Со новата енергетска ознака за електронски апарати од 1 март 2021 година.
Претходната ознака за енергија нудеше само ограничена помош при одлучувањето што да купите. Освен класа А, имате и класи A+, A++ и A+++. Новата ознака ве штити од четврт или петти плус. Апаратите повторно се рангираат на скала за ефикасност од „А“ до „G“.
Што значи новата ознака за Liebherr?
Воведувањето на новите ознаки ја забрза нашата иновативна дејност. Повторно ги оптимизиравме апаратите за да ги ставиме во најдобрите класи на ефикасност на пазарот. Но сакаме да ги подобриме дури и овие врвни резултати. Затоа работиме за вас на иновациите од иднината.
Откријте ги нашите најефикасни работници.
Нашите фрижидери користат многу малку електрична енергија. Не е чудо што многу апарати од Liebherr може да се најдат во најекономичните класи за енергетска ефикасност. Ваквата ефикасност има две предности: ја штитат животната средина. И ви ја намалуваат сметката за електрична енергија. Пониската потрошувачка нема влијание врз ладењето: храната ќе ви остане сигурно свежа подолго.
Дали имате некакви прашања?
Како точно се определуваат новите класи на енергетска ефикасност? Која технологија го прави фрижидерот апарат што штеди енергија? Како можеме да ви помогнеме да дадете свој придонес кон заштитата на животната средина? Какво и да имате прашање за новата енергетска ознака, со задоволство ќе ви го одговориме. Со нетрпение очекуваме да ни пишете: [email protected]