Ладење и замрзнување

Liebherr има соодветно решение за секое барање

Ладење и складирање вакцини

Вакцините имаат биолошко потекло и обично се чувствителни на надворешни влијанија. Особено топлината и светлината можат да ги дестабилизираат молекуларните структури, па токму поради тоа вакцините обично треба да се чуваат на темно и студено место. Температурата на складирање од +2°C до +8°C е задолжителна за повеќето вакцини. Температури што се или премногу ниски или премногу високи можат негативно да влијаат врз вакцините и да ја намалат нивната делотворност. Затоа, температурата на складирање секогаш треба да се контролира.

Некои нови вкцнини mRNA мора да се чуваат на –20°C или на многу ниски температури од –70°C до –75°C.

Што значи mRNA и како функционираат вакцините mRNA?

Кратенката mRNA значи испорачател на рибонуклеинска киселина. Концептот на употреба на вакцините mRNA е нов. За разлика од другите вакцини, тоа не е администрирање ослабен или мртов патоген, туку дел од генетска информација на вирусот во форма на mRNA. Телото обично самото генерира mRNA од копиите на DNA сегментите за да формира протеини. Клетките во телото на вакцинираното лице формираат антигени од информациите во mRNA, коишто го активираат човековиот имунолошки систем. Во процесот, mRNA не влегува во јадрата на клетките и затоа не може да ја промени DNA на вакцинираното лице. По релативно краток период, mRNA се распаѓа во телото, но реакцијата на телото на вакцинирањето не се нарушува. При контакт со патоген, имунолошкиот систем на вакцинираното лице се подготвува и може да се заштити себеси од болеста.

Лабораториските уреди на Liebherr ги ладат вакцините сигурно и безбедно

Мора да се почитуваат специјалните регулативи за сигурност и санитарна безбедност при складирање вакцини коишто треба да се ладат:

  • Заштита од светлина и топлина
  • Одржување на студениот синџир и избегнување флуктуации на температурата
  • Проверка на температурата
  • Спречување замрзнување или нафаќање мраз
  • Обезбедување соодветна циркулација на воздухот меѓу вакцините

Во овој контект, Liebherr има различни лабораториски уреди за ладење и складирање високочувствителни супстанции што ги исполнуваат овие барања.

Повеќето вакцини коишто се моментално достапни, може да се поделат во три категории според барањата за температура на складирање, а Liebherr го има вистинското решение за секоја од нив:

  • −40°C до −86°C: Замрзнувачи со ултраниски температури
  • −9°C до −30°C: Лабораториски замрзнувачи
  • −2°C до +16°C: Лабораториски фрижидери

Замрзнувачите со ултраниски температури Liebherr ги исполнуваат највисоките безбедносни барања

Замрзнувачите со ултраниски температури Liebherr обезбедуваат ладење на ултраниски температури во опсег од –40°C до –86°C. Тие применуваат најдобри безбедносни механизми и најнова технологија за ниска потрошувачка на енергија:

  • Минимални флуктуации на температура
    Уредите имаат најмали флуктуации на температурата во даден простор и време.
  • Сеопфатен систем за мониторинг
    Ако има отстапувања во внатрешната температура, ако вратата не е затворена или дојде до прекин во снабдувањето со струја, сигнали за аларм, како и сеопфатни опции за снимање на температурата и аларми, на сигурен начин ги заштитуваат вакцините и примероците.
  • Мала потрошувачка на енергија
    Замрзнувачите со ултраниски температури Liebherr се вбројуваат меѓу најекономичните модели на меѓународниот пазар. Извонредната изолација на вакуумските плочи и ефикасниот систем за ладење овозможуваат оптимална заштеда на енергија и ниски оперативни трошоци.

Информации за складирање вакцините против Ковид-19 на BionTech и Pfizer

Новата вакцина mRNA BNT162b2 се складира на температури меѓу –70°C и –75°C. Оваа температура е оптимална за долгорочно складирање во лаборатории. Меѓутоа, BioNTech веќе најави дека вакцината ќе се испорачува во кутии со сув мраз каде што може да се чува на студено во период до 30 дена. Во центрите за вакцинација и во ординациите, вакцината може да се чува најмногу пет дена во професионални фрижидери на температура од 2°C до 8°C.

Преглед на замрзнувачите со ултраниски температури Liebherr | –40°C до –86°C

  • Надворешни димензии (В/Ш/Д) 196,6 / 92 / 108,2 cm

  • Прилагодлив опсег на температура -40 °C до -86 °C

  • Максимален број на послужавници 352

  • Време на ладење 360 min

  • Време на загревање 230 min

  • Надворешни димензии (В/Ш/Д) 196,6 / 92 / 108,2 cm

  • Прилагодлив опсег на температура -40 °C до -86 °C

  • Максимален број на послужавници 352

  • Време на ладење 360 min

  • Време на загревање 230 min

  • Надворешни димензии (В/Ш/Д) 196,6 / 120,4 / 108,2 cm

  • Прилагодлив опсег на температура -40 °C до -86 °C

  • Максимален број на послужавници 528

  • Време на ладење 450 min

  • Време на загревање 250 min

  • Надворешни димензии (В/Ш/Д) 196,6 / 120,4 / 108,2 cm

  • Прилагодлив опсег на температура -40 °C до -86 °C

  • Максимален број на послужавници 528

  • Време на ладење 450 min

  • Време на загревање 250 min

Зошто новите вакцини mRNA треба да се ладат на толку ниски температури?

Некои нови вакцини mRNA се почувствителни на топлина од други. Специјални липиди ја обвиткуваат mRNA. Липидите обезбедуваат mRNA да стигне до каде што треба во телото. При многу ниски температури, овие липиди и липидните структури престануваат да се движат, па така структурата останува стабилна. На температури од –70°C, оваа состојба може да се гарантира долг временски период. Затоа, некои вакцини mRNA се складираат на ултраниски температури.

Складирање вакцини на −20°C

Американската компанија Moderna најави дека вакцината mRNA-1273 може да се складира на –20°C подолг временски период. При нормални температури во фрижидер, вакцината би можело да се чува 30 дена. Различните вакцини бараат многу специфични услови на складирање.

Замрзнувачите за вакцини Liebherr можат да одговорат на овие предизвици и да се адаптираат на индивидуалните барања за температура и безбедност. Liebherr нуди широка палета замрзнувачи за вакцини што можат да се приспособуваат од –9°C до –45°C во зависност од примената. Прецизните електронски контролори и интегрираните системи за аларм обезбедуваат складирање на точна температура.

Преглед на замрзнувачите за вакцини Liebherr | –20°C

  • Надворешни димензии: висина / ширина / длабочина 82 / 60,1 / 61,8 cm

Повеќето вакцини се складираат на 2°C до 8°C

Вакцините што содржат антигени или ослабени патогени, обично се складираат на температури меѓу +2°C и +8°C, дури и на долг рок. Меѓутоа, дури и тогаш, мора да се применуваат специјални безбедносни стандарди во однос на температурата. Голем број вакцини не смеат да се замрзнуваат. Ненадејно големо опаѓање или покачување на температурата може да ги оштети вакцините. Друга важна работа е студениот синџир: Мора да се обезбеди непрекинато ладење меѓу +2°C и +8°C за живите вакцини. Иако неактивираните вакцини мора исто така да се ладат, студениот синџир тука може да се прекине, на пример, при краток транспорт.

Преглед на фрижидерите за вакцини Liebherr | +2 °C до +8 °C

  • Надворешни димензии: висина / ширина / длабочина 82 / 60,1 / 61,8 cm

  • Надворешни димензии: висина / ширина / длабочина 82 / 60,1 / 61,8 cm

  • Надворешни димензии: висина / ширина / длабочина 82 / 60,1 / 61,8 cm

  • Надворешни димензии: висина / ширина / длабочина 82 / 60,1 / 61,8 cm

01/02

Дали би сакале да дознаете повеќе информации за нашите производи?

Испратете ни ги вашите податоци за контакт и наведете за кои уреди сте заинтересирани. Ќе ви одговориме најскоро што можеме.