Ладење и замрзнување
  • Надворешни димензии: висина / ширина / длабочина - 82 / 60,1 / 61,8 cm

  • Прилагодлив опсег на температура - +3 °C до +16 °C

  • Годишна потрошувачка на енергија - 369 kWh/a

SmartMonitoring може да се надградува

Liebherr SmartMonitoring нуди сеопфатно решение за документирање и следење на мерните и работните податоци, на пораките за аларм и на состојбите на уредот.

Еколошко разладно средство

Liebherr уредите се оптимизирани во поглед на најдобрата можна енергетска ефикасност и ниските оперативни трошоци. Се користат исклучиво само природните и еколошки разладни средства R 600a и R 290. Во комбинација со високоефикасни компресори, овие уреди се исклучително моќни, а со нивниот низок потенцијал за глобално затоплување, тие се исто така прилагодени кон иднината.

Ефективен систем за ладење

Благодарение на децении искуство во техниката за ладење во комбинација со континуирано истражување, Liebherr обезбедува одличен квалитет на системот за ладење. Употребата на висококвалитетни компресори, кондензатори, испарувачи и други компоненти за ладење обезбедува и значително намалување на потрошувачката на енергија и намалување на работните трошоци на апаратите на Liebherr.

Функција за тестирање на аларм

Со овој тест, може да се провери функционалноста на внатрешниот и кој било надворешно поврзан уред за аларм. Ладењето на уредот нема да биде прекинато во текот на овој тест.

Дигитален приказ на температура

Дигиталниот приказ на температура точно ја покажува внатрешната температура на фрижидерот. На тој начин, операторите и корисниците имаат брз преглед на температурата на уредот.

Кружење на ладењето

Високоефикасните вентилатори овозможуваат брзо ладење на свежо складираната храна и рамномерна температура на ладење во внатрешноста.

Имајте предвид: И покрај внимателното одржување на податоците, го задржуваме правото да правиме технички промени и може да има грешки и отстапувања во содржината на сликата и текстот во споредба со оригиналниот апарат.