Ладење и замрзнување
01/09
  • Надворешни димензии: висина / ширина / длабочина - 185,5 / 59,7 / 67,5 cm

  • Вкупна зафатнина - 351 l

  • Нивото на бучава - 35 dB

Фиока за овошје и зеленчук

Свежа салата или јагоди: Најчувствителната храна заслужува посебно место за да остане свежа подолго: Фиоки BioFresh. Во фиоката „Fruit & Vegetable“ температурата е близу до 0°С. Заедно со зголемената влажност и благодарение на доброто заптивање, непакуваните овошје и зеленчук остануваат свежи подолго време. Не мора ништо да прилагодувате.

Фиока Meat & Dairy

Дали сакате нежното филе од телешко месо или свежо млеко да останат свежи што е можно подолго? Фиоките BioFresh нудат: Температурата во фиоката „Meat & Dairy“ е близу до 0°C – идеални услови за складирање и на најчувствителната храна. И најдоброто: Сè е совршено фабрички поставено за лесна употреба и за подолга свежина.

SteelFinish

Дали сакате отмена елеганција во вашата кујна? Тогаш Liebherr со SteelFinish површина е вашиот избор. Коламинатниот материјал со вертикално четкање изгледа многу слично на вистинскиот нерѓосувачки челик, е цврст и лесно се чисти. Лакираните странични sидови во сребрена боја совршено го надополнуваат елегантниот изглед.

Екран на допир

Извонреден допир: Со екранот на допир, ракувањето со Liebherr е лесно и интуитивно. Сите функции се јасно распоредени на екранот. На пример, со лесен допир со прстот може лесно да ги изберете функциите или да ја проверите тековната температура на вашиот фрижидер.

Вдлабната рачка

Посебен и функционален: Благодарение на вертикално континуираната и ергономски поставена вдлабнатина за држење, лесно можете да го отворите уредот. Покрај тоа, модерниот и пуристички дизајн овозможува совршена интеграција во вашата кујна без рачки.

InteriorFit

Комплетирајте го пуристичкиот дизајн во вашата кујна: Нашите уреди за ладење совршено се вклопуваат во 60cm длабока ниша. Само вратата излегува на дефиниран начин и обезбедува оптимален пристап до вдлабнатиот држач и рачката. На овој начин фокусот е секогаш свртен кон вашата кујна - со вашиот Liebherr во центарот на вниманието.

*

Вредност според глобален стандард (GS)

**

Во согласност со Регулативата ЕУ 2019/2016 година, вкупниот волумен го претставуваме како цел број (заокружен надолу) и волуменот на одделите за замрзнување и свежа храна со едно децимално место. Целосниот спектар на класи на ефикасност може да се најде на страница 9. Според (ЕУ) 2017/1369 6а. Терминот „волумен“ се однесува на терминот „волумен“ споменат во сегашната регулатива.

Имајте предвид: И покрај внимателното одржување на податоците, го задржуваме правото да правиме технички промени и може да има грешки и отстапувања во содржината на сликата и текстот во споредба со оригиналниот апарат.