Ладење и замрзнување
01/10
  • Вкупен бруто волумен - 400 l

  • Група на производ - Ладилник со ладење со циркулација на воздух

  • Разладно средство - R 600a

  • Надворешни димензии (В/Ш/Д) - 188,4 / 59,7 / 65,4 cm

  • Полнење 0,5 l PET - 253

  • Полнење лименка од 0,33 l - 506

  • Класа на енергетска ефикасност - C

Еколошко разладно средство

Liebherr уредите се оптимизирани во поглед на најдобрата можна енергетска ефикасност и ниските оперативни трошоци. Се користат исклучиво само природните и еколошки разладни средства R 600a и R 290. Во комбинација со високоефикасни компресори, овие уреди се исклучително моќни, а со нивниот низок потенцијал за глобално затоплување, тие се исто така прилагодени кон иднината.

Ефективен систем за ладење

Благодарение на децении искуство во техниката за ладење во комбинација со континуирано истражување, Liebherr обезбедува одличен квалитет на системот за ладење. Употребата на висококвалитетни компресори, кондензатори, испарувачи и други компоненти за ладење обезбедува и значително намалување на потрошувачката на енергија и намалување на работните трошоци на апаратите на Liebherr.

Електронска брава со далечински управувач

Безбедност од далечина: Управувајте со електронската брава на вратата преку далечински управувач. Директно од касата можете да отворите уред и повторно безбедно да го затворите. Ова исто така фунционира и за повеќе уреди истовремено, заштедувајќи ви време кога ја отворате или затворате продавницата. Се разбира, можете да ја отворите било која врата директно на уредот.

Дигитален приказ на температура

Дигиталниот приказ на температура точно ја покажува внатрешната температура на фрижидерот. На тој начин, операторите и корисниците имаат брз преглед на температурата на уредот.

Аларм за температура

Интегрираниот аларм за температура сигнализира во случај на пречекорување или опаѓање на границите на алармот. Овој аларм е опремен со акустични и визуелни сигнали и обезбедува максимална безбедност на складираната храна.

Потпорна решетка со SafetyStop

Потпорната решетка со граничник за извлекување гарантира стабилност и безбедно работење: Дури и кога работите стануваат малку интензивни, потпорната решетка не може случајно да се извлече - таа сигурно останува во фиксна положба за време на полнењето и празнењето. Потпорната шипка обезбедува дополнителна заштита за намирниците и го означува дозволениот простор за складирање.

Имајте предвид: И покрај внимателното одржување на податоците, го задржуваме правото да правиме технички промени и може да има грешки и отстапувања во содржината на сликата и текстот во споредба со оригиналниот апарат.