Ладење и замрзнување
  • Димензии на ниша висина/ширина/длабочина - 177,2 - 178,8 / 56 - 57 / 55,0 cm

  • Вкупна зафатнина - 308 l

  • Нивото на бучава - 33 dB

EasyFresh

Нашата фиока EasyFresh гарантира свежина на пиљарата во вашиот дом. Без разлика дали е овошје или зеленчук: сè е оптимално зачувано. Благодарение на доброто заптивање, храната ја зголемува влажноста во фиоката. Ова значи дека храната останува свежа подолго време.

Екран на допир

Извонреден допир: Со екранот на допир, ракувањето со Liebherr е лесно и интуитивно. Сите функции се јасно распоредени на екранот. На пример, со лесен допир со прстот може лесно да ги изберете функциите или да ја проверите тековната температура на вашиот фрижидер.

Простор за тава за печење

Дали сакате домашните овошни колачи да останат свежи? Или подготвена пица што сè уште не треба да се пече? Само ставете ја тавата за печење во Liebherr – имате доволно простор. Особено практично: Може да ставате и вадите тава за печење кога вратата е отворена 90°.

Систем PowerCooling

Дали сакате да бидете сигурни дека студот е рамномерно распореден во вашиот уред за ладење? Системот PowerCooling обезбедува: Подеднакво моќен и тивок вентилатор кој ефикасно го дистрибуира студениот воздух низ целиот фрижидер.

SuperSilent

Пст – слушајте внимателно: Вашиот Liebherr е толку тивок што мора да ги начулите ушите за да го чуете. Како го постигнуваме ова? Сите компоненти за ладење – компресори, вентили, вентилатори и испарувачи се оптимизирани и совршено компатибилни едни со други. Па така, во вашата кујна ќе го слушате само она што сакате.

Таванско ЛЕД-осветлување

Таванското ЛЕД-осветлување ја осветлува внатрешноста одозгора – за добар преглед на вашата храна. Екстра осветлено: ЛЕД-диодите се поставени пред стаклените полици така што фрижидерот е добро осветлен дури и кога е полн.

*

Во согласност со Регулативата ЕУ 2019/2016 година, вкупниот волумен го претставуваме како цел број (заокружен надолу) и волуменот на одделите за замрзнување и свежа храна со едно децимално место. Целосниот спектар на класи на ефикасност може да се најде на страница 9. Според (ЕУ) 2017/1369 6а. Терминот „волумен“ се однесува на терминот „волумен“ споменат во сегашната регулатива.

Имајте предвид: И покрај внимателното одржување на податоците, го задржуваме правото да правиме технички промени и може да има грешки и отстапувања во содржината на сликата и текстот во споредба со оригиналниот апарат.