Ладење и замрзнување
  • Вкупен бруто волумен - 625 l

  • Надворешни димензии: висина / ширина / длабочина - 211,5 / 69,7 / 86,7 cm

  • Група на производ - Ладилник GN 2/1 со ладење со циркулација на воздух

  • Разладно средство - R 290

  • Класа на енергетска ефикасност - B

Внатрешност и надворешност од нерѓосувачки челик

Хигиената е врвен приоритет на местата каде што се чува храна. Имајќи го предвид ова, длабоко вовлечената внатрешна облога од нерѓосувачки челик Gastronorm 2/1 е направена од хигиенски нерѓосувачки челик и ги избегнува функционалните делови што се тешки за чистење. Страничните плочи од хомоген нерѓосувачки челик на надворешното куќиште, со изолационен слој, се, исто така, особено лесни за чистење. Фрижидерите и замрзнувачите од нерѓосувачки челик GN 2/1 се отпорни на млаз вода и одвнатре и однадвор, во согласнсот со IPX5.

LED осветлување на таванот

Дури и во темна средина, LED осветлувањето на таванот обезбедува одлично осветлување на внатрешноста. Благодарение на оптималната прегледност, производот кој што го барате е веднаш достапен, што значи дека вратата може брзо да се затвори, а внатрешната температура останува стабилна. Ова ви заштедува на непотребно барање на она што ви треба - и пред се заштедува на трошоците за енергија.

Надоградба со WiFi/LAN интерфејс

Еве колку е лесно да се поврзе Liebherr: Со можноста за WiFi и LAN интерфејс, апаратите може без напор да се поврзат со надворешни системи, како што е SmartMonitoring од Liebherr. Со решението за дигитален мониторинг, температурата на складирање се следи и документира практично и безбедно преку последователно поставениот интерфејс.

Информации за прекин на напојување

Доколку напојувањето било прекинато поради дефект, информациите за прекинот на напојувањето се појавуваат кога тоа ќе се поврати. Ова покажува дека апаратот бил привремено без напојување и максималната температура која била постигната за тоа време. Ова ви помага да процените дали треба да се очекува губење на квалитетот.

Јасни информации за уредот

Сите информации за уредот треба да бидат достапни баш кога ви се потребни. Затоа секој Liebherr го содржи својот сериски и сервисен број, како и ознаката на моделот на екранот, од каде што може лесно да се прочита. Фрустрирачките пребарувања или дури и потребата да се расчисти внатрешноста за да може да се прочитаат информациите сега се минато.

Внатрешност безбедна за храна

Сите материјали користени во Liebherr уредите за пекари и угостителска индустрија се безбедни за храна и погодни за складирање на неспакувана храна.

Имајте предвид: И покрај внимателното одржување на податоците, го задржуваме правото да правиме технички промени и може да има грешки и отстапувања во содржината на сликата и текстот во споредба со оригиналниот апарат.