Ладење и замрзнување
01/08
  • Надворешни димензии: висина / ширина / длабочина - 85 / 55 / 60,7 cm

  • Вкупна зафатнина - 92 l

  • Нивото на бучава - 37 dB

NoFrost

Кога го отворате замрзнувачот, сакате да видите замрзната храна, а секако не мраз. NoFrost го штити делот за замрзнување од несакан мраз, којшто троши многу енергија и може да ве чини многу. NoFrost значи дека не мора да трошите енергија и време за одмрзнување на замрзнувачот, односно повеќе време за други работи, а и штедење пари.

ЛЕД осветлување на замрзнувачот

Кога ќе ги отворите фиоките во вашиот Liebherr замрзнувач, не само што ќе бидете воодушевени од глетката на храната - туку и од привлечното осветлување: За сето тоа се грижат моќни, издржливи и еколошки ЛЕД светла. Осветлувањето го прави прегледот на содржината уште полесен и во исто време е необичен дизајнерски елемент.

SuperFrost

Сакате да ја замрзнете вашата свежа храна на начин на којшто ќе ги зачува витамините? Едноставно активирајте го SuperFrost - и замрзнувачот ќе го зголеми капацитетот на ладење. На овој начин, температурата останува константна кога ќе ставите незамрзната храна. SuperFrost исто така заштедува енергија: ако не ја деактивирате функцијата рачно, таа автоматски ќе се деактивира по 65 часа.

TouchControl

Нежен допир со прстот и ги вклучувате функциите како што се Супер замрзнување или други сокриени функции, без да ја отворате вратата на замрзнувачот. Толку едноставно - а исто така и енергетски ефикасно, тоа е TouchControl.

VarioSpace

Кај сите замрзнувачи со NoFrost и SmartFrost, фиоките и стаклените плочи под нив може лесно да се извадат. На тој начин настанува VarioSpace – практичен систем за дополнителен простор, со којшто брзо се овозможува повеќе место за поголеми примероци замрзната храна

FrostProtect

Не ги поставуваат сите замрзнувачи во загреани простории. Некои ги поставуваат во студени гаражи или шупи. Супер е тоа што вашиот Liebherr е идеално поставен за таква студена околина, затоа што сите делови се дизајнирани да работат на амбиентална температура до -15°C.

*

Вредност според глобален стандард (GS)

**

Во согласност со Регулативата ЕУ 2019/2016 година, вкупниот волумен го претставуваме како цел број (заокружен надолу) и волуменот на одделите за замрзнување и свежа храна со едно децимално место. Целосниот спектар на класи на ефикасност може да се најде на страница 9. Според (ЕУ) 2017/1369 6а. Терминот „волумен“ се однесува на терминот „волумен“ споменат во сегашната регулатива.

Имајте предвид: И покрај внимателното одржување на податоците, го задржуваме правото да правиме технички промени и може да има грешки и отстапувања во содржината на сликата и текстот во споредба со оригиналниот апарат.