Ладење и замрзнување
  • Вкупен бруто волумен - 171 l

  • Група на производ - Ладилник со ладење со циркулација на воздух што може да се вгради под работна маса

  • Разладно средство - R 600a

  • Надворешни димензии (В/Ш/Д) - 85 / 60 / 60 cm

  • Полнење 0,5 l PET - 115

  • Полнење лименка од 0,33 l - 217

  • Класа на енергетска ефикасност - C

Еколошко разладно средство

Liebherr уредите се оптимизирани во поглед на најдобрата можна енергетска ефикасност и ниските оперативни трошоци. Се користат исклучиво само природните и еколошки разладни средства R 600a и R 290. Во комбинација со високоефикасни компресори, овие уреди се исклучително моќни, а со нивниот низок потенцијал за глобално затоплување, тие се исто така прилагодени кон иднината.

Ефективен систем за ладење

Благодарение на децении искуство во техниката за ладење во комбинација со континуирано истражување, Liebherr обезбедува одличен квалитет на системот за ладење. Употребата на висококвалитетни компресори, кондензатори, испарувачи и други компоненти за ладење обезбедува и значително намалување на потрошувачката на енергија и намалување на работните трошоци на апаратите на Liebherr.

Дигитален приказ на температура

Дигиталниот приказ на температура точно ја покажува внатрешната температура на фрижидерот. На тој начин, операторите и корисниците имаат брз преглед на температурата на уредот.

Ергономска рачка

Особено кај фрижидери за пијалаци коишто обично се изложени на често отворање на вратата, самото отварање на уредите е од суштинско значење. Ергономската рачка овозможува стабилност дури и со често отворање на вратата. Особено е хигиенска и лесно се чисти.

Пластичен внатрешен сад

Вовлечениот пластичен внатрешен сад е изработен од еден дел и затоа лесно се чисти. Внатрешниот сад е изработен од полистирол, стабилна и трајна пластика којашто може да се рециклира и затоа е безбеден од аспект на заштитата на животната средина.

Подпултно вградливи модели

Некои модели може да се интегрираат под работната површина. Во овој случај, за вентилацијата на задниот дел на уредот, потребна е напречна вентилација на работната површина од најмалку 200 cm². Ако нема решетка за вентилација во работната површина, висината на нишата мора да биде најмалку 860 mm за да се обезбеди соодветно предавање на топлината на предниот дел. Особено кај мали димензии, вградените модели нудат решение за заштеда на простор.

Имајте предвид: И покрај внимателното одржување на податоците, го задржуваме правото да правиме технички промени и може да има грешки и отстапувања во содржината на сликата и текстот во споредба со оригиналниот апарат.