Принципи за обработка на лични податоци на Liebherr
На оваа страница стигнавте преку врска затоа што ве интересира начинот на којшто постапуваме со личните податоци на нашите деловни партнери. Следните информации се наменети за да ви прикажат накратко на кој начин се обработуваат вашите лични податоци и да ве информираат за вашите права како субјект на податоци.
А. Општи информации
I. Што се регулира со ова известување за заштита на податоците?
Придаваме најголема важност на заштитата и безбедноста на личните податоци. Затоа ни е важно да ве информираме за личните податоци што ги обработуваме за вас, за целите за коишто ги обработуваме и за правата што ги имате во однос на вашите лични податоци.
II. Што се лични податоци и што значи обработка?
1. „Лични податоци“ (во понатамошниот текст: „податоци“) е секоја информација што кажува нешто за некое физичко лице. Личните податоци не се само информации што директно упатуваат на одредено лице (како што се неговото име или адресата на е-пошта), туку и информации што, со соодветно дополнително знаење, може да се поврзат со одредена личност.
2. „Обработка“ значи секое дејство извршено во врска со личните податоци (како што се собирање, евидентирање, организирање, структурирање, складирање, користење или бришење на податоците).
Б. Обработка на личните податоци
I. Кој е одговорен за обработката на личните податоци?
Контролор одговорен за обработка на податоците е Liebherr-Hausgeräte Ochsenhausen GmbH, Memminger Straße 77-79, 88416 Ochsenhausen, контакт: [email protected].
II. Кои податоци ги собираме и за која цел?
Во рамки на соработката со нашите деловни партнери, ги обработуваме следните податоци за контакт на лица кои се клиенти, можни идни клиенти, партнери за продажба, снабдувачи и партнери (во понатамошниот текст, индивидуалнo или заеднички наречени „деловни партнери“):
1. информации за контакт, како што се име и презиме, деловна адреса, деловен телефонски број, деловен мобилен телефонски број, деловен број на факс и деловна адреса на е-пошта,
2. податоци за плаќање, како што се информации потребни за обработка на платежни трансакции или спречување измама, вклучително и информации за кредитни картички и броеви за верификација на картички,
3. информации што е потребно да се обработат во контекст на некој проект или договорен однос со Liebherr или коишто деловните партнери ги имаат дадено доброволно, на пример, во контекст на поднесени нарачки, барања или детали за некој проект,
4. лични податоци собрани од јавно достапни извори, бази на податоци или кредитни агенции,
5. до степен којшто се бара согласно закон, во контекст на скрининг за усогласеност: датум на раѓање, документ за идентитет и број за идентитет, информации релевантни за судски постапки и други правни спорови во коишто се вклучени деловни партнери.
6. дополнителни информации за деловниот однос, како што се досиеја, ревизии, интереси, класификација на куповна моќ, категорија и индикатори за блокирање, како и,
7. податоци од контрола на пристап и градење безбедносни системи во случај на тури низ производствени капацитети, како што се извештаи за посети, регистрација на возила, снимки од видеонадзор).
Овие податоци се обработуваат само за следните цели:
1. комуникација со деловни партнери за производи, услуги и проекти, на пр. за обработка на барања од деловен партнер или за доставување технички информации за производи (Употребени категории на податоци: 1, 3),
2. планирање, спроведување и управување (договорно) со деловен однос меѓу Liebherr и деловен партнер, на пр. за обработка на нарачки за производи и услуги, за наплата, за цели на сметководство и фактурирање, и за реализирање испораки, одржување или поправки (Употребени категории на податоци: 1-4 и можеби 5-7),
3. спроведување анкети за клиенти, кампањи за маркетинг, анализи на пазар, конкуренција, натпреварувања или слични кампањи и настани (Употребени категории на податоци: 1),
4. усогласување со (i) законски барања (на пр. законска регулатива за даноци и обврски за задржување податоци согласно трговското право), (ii) постојни обврски за спроведување скрининг на усогласеност (спречување корупција или перење пари) и (iii) упатства и индустриски стандарди на Liebherr (Употребени категории на податоци: 1-7) и
5. решавање правни спорови, спроведување постојни договори и потврдување, реализирање и одбрана на правни барања (Употребени категории на податоци: 1–7).
Обработката на податоци за други цели ќе се разгледува само ако се исполнети потребните законски услови согласно член 6(4) од Општата регулатива за заштита на личните податоци (ГДПР). Во овој случај, секако ќе се придржуваме до сите обврски за информации согласно член 13(3) и член 14(4) од ГДПР.
III. Врз која правна основа ги собираме вашите податоци?
Правната основа за обработка на податоците е Член 6 од ГДПР - ако не се применливи други конкретни законски одредби.
Податоците се обработуваат врз основа на еден или повеќе од следните правни основи:
1. согласност (Член 6(1)(а) ГДПР) (Се применува за цел 3),
2. обработка на податоци заради реализирање договори (Член 6(1)(б) ГДПР (Се применува за целите 1, 2, 4),
3. обработка на податоци заради балансирање интереси (Член 6(1)(ѓ) ГДПР (Се применува за цел 3),
4. обработка на податоци заради законска обврска (Член 6(1)(в) ГДПР (Се применува за целите 4(i), 4(ii)).
Нашите легитимни интереси се:
1. економски интереси (Цел 3),
2. служба за корисници (Цел 3),
3. подобрување на производите (Цел 3),
4. идентификување опасност (Цел 3),
5. лојалност на клиентите (Цел 3).
Ако ги обработуваме податоците врз основа на ваша согласност, имате право да ја повлечете согласноста во секое време со важност во иднина.
Ако ги обработуваме податоците врз основа на балансирање интереси, имате право да се спротивставите на обработката на податоците во согласност со одредбите од член 21 од ГДПР.
Ќе ги обработуваме податоците само до степен што е неопходен за исполнување на горенаведените цели.
IV. Кому, за кои цели и кои категории на податоци пренесуваме?
Ваши податоци можеме да пренесеме до:
1. други компании во групацијата Liebherr Group, ако тоа е неопходно за да се постигне, реализира или раскине договор, или ако имаме легитимен интерес во преносот и тоа не го попречува вашиот главен легитимен интерес (категорија на податоци 2),
2. даватели на услуги што ги користиме за постигнување на горенаведените цели (категорија на податоци 1, 2, 3, 4 и 5),
3. судови, арбитражни трибунали, јавни органи или правни советници, доколку тоа е неопходно заради постапување во согласност со важечкиот закон или заради потврдување, остварување или бранење правни барања (категорија на податоци 1, 2 и 5).
V. Дали моите податоци ќе се обработуваат надвор од Европската Унија?
Податоците смеат да се пренесат до субјекти во земји надвор од Европската Унија или од Европската економска област (исто така познати како трети земји) (1) ако сте ни дале согласност или (2) ако Европската комисија одлучи дека постои соодветно ниво на заштита во трета земја (член 45 од ГДПР). Доколку Комисијата не донесе таква одлука, податоците можеме да ги пренесеме на трети страни лоцирани во трета земја, само ако постојат соодветни заштитни мерки (на пример, стандардни клаузули за заштита на податоците усвоени од Комисијата или надзорниот орган според одредена процедура) и се гарантира остварувањето на вашите права како субјект на податоци.
VI. Кога ги бришеме или ги анонимизираме податоците?
Податоците ги обработуваме онолку долго колку што тоа е неопходно за соодветната цел, освен ако правосилно не сте се спротивставиле на обработката на податоците или правосилно не сте ја повлекле согласноста што можеби сте ја дале.
Ако постојат законски обврски за чување на податоците - на пример, согласно трговското право или даночната регулатива - ќе мораме да ги чуваме засегнатите податоци во текот на времетраењето на обврската за чување. По истекот на обврската за чување, проверуваме дали има понатамошна потреба од обработка. Ако веќе нема потреба, податоците ќе бидат избришани.
VII. До кој степен се автоматизирани одлуките за поединечни случаи?
Не користиме целосно автоматизирано одлучување во согласност со член 22 од ГДПР за воспоставување и реализирање деловни односи. Ако користиме такви постапки во поединечни случаи, ќе ве информираме за тоа посебно, ако за тоа постои законско барање.
VIII. До кој степен моите податоци ќе се користат за профилирање (рангирање)?
Некои од податоците ги обработуваме автоматски, со цел да оцениме одредени лични аспекти (профилирање).
Профилирањето го користиме во следните случаи:
1. Во согласност со законските и регулаторните барања, обврзани сме да се бориме против перењето пари, финансирањето тероризам и криминалните прекршоци што го доведуваат во опасност имотот. При обработката, се спроведува евалуација на податоците (при платежни трансакции, меѓу другото). Овие мерки, исто така, служат за да ве заштитат и вас (се применува за цел 4).
2. Рангирањето го користиме како дел од проценката на вашата кредитоспособност. Во вакви случаи, се пресметува колку е веројатно некој клиент да ги исполни неговите платежни обврски согласно договорот. Пресметката може да ги земе предвид, на пример, приходите, расходите, постојните обврски, занимањето, работодавачот, времетраењето на вработувањето, искуството стекнато во постојниот деловен однос, отплаќањето претходни заеми според договор, како и информациите од кредитни агенции. Рангирањето се базира на математички и статистички признаена и докажана процедура. Пресметаниот ранг ни го олеснува носењето одлуки во контекст на производни трансакции и е дел од нашето континуирано управување со ризици (се применува за цел 2).
В. Како се заштитени личните податоци од неовластен пристап и губење?
Користиме технички и организациски безбедносни мерки за да бидеме сигурни дека податоците се заштитени од губење, несоодветни промени или неовластен пристап од трети страни. Покрај тоа, гарантираме дека, од наша страна, само на овластени лица ќе им биде дозволен пристап до податоците, и тоа само до степен што е неопходен за гореспоменатите цели. Преносот на сите податоци е кодиран.
Г. Права на субјект на податоците и право на поднесување жалба
Во рамките на законските одредби, како субјект на податоците имате право
1. да добивате информации за податоците;
2. да коригирате неточни податоци и да комплетирате нецелосни податоци;
3. да избришете податоци, особено ако (1) повеќе не се потребни за целите наведени во оваа известување за заштита на податоци, (2) ја повлекувате согласноста и не постои друга правна основа за обработка, (3) податоците се незаконски обработени или (4) сте се спротивставиле на обработката и не постојат преовладувачки легитимни основи за обработка;
4. да ја ограничите обработката на податоците, особено ако ја оспорувате точноста на податоците или ако обработката на податоците е незаконска и барате ограничување на употребата наместо бришење;
5. да ги примите податоците во структуриран, најчесто користен и машински читлив формат и право да му ги префрлиме податоците директно на друг контролор на податоци.
Имајте предвид дека повлекувањето на согласноста нема да влијае врз законитоста на обработката извршена врз основа на согласноста што важела дотогаш.
Ако сакате да ги потврдите горенаведените права, но не во писмена форма, имајте предвид дека можеби ќе бараме од вас да обезбедите доказ за да утврдиме дека сте лицето за кое тврдите дека сте.
Понатаму, имате право да поднесете жалба до надлежен надзорен орган.
Д. Кое е лицето за контакт за прашања поврзани со заштитата на личните податоци и како да стапам во контакт со него?
Ако имате некакви прашања во врска со заштитата не личните податоци, стапете во контакт со:
Liebherr-Hausgeräte Ochsenhausen GmbH
Memminger Straße 77-79
88416 Ochsenhausen
Е-пошта: [email protected]
Верзија: јули 2020 година