Ладење и замрзнување
  • Димензии на ниша висина/ширина/длабочина - 177,2 - 178,8 / 56 - 57 / 55,0 cm

  • Вкупна зафатнина - 309 l

  • Нивото на бучава - 33 dB

EasyFresh

Нашата фиока EasyFresh гарантира свежина на пиљарата во вашиот дом. Без разлика дали е овошје или зеленчук: сè е оптимално зачувано. Благодарение на доброто заптивање, храната ја зголемува влажноста во фиоката. Ова значи дека храната останува свежа подолго време.

Корпа за шишиња

Дали вашето семејство и гости обожаваат ладни пијалаци? Честопати, вратата на ладилникот не е доволна за ладење на шишињата. Вашиот Liebherr со задоволство ќе ви помогне: Има многу простор во корпите за шишиња и за тетрапак, дури и за цела гајба пиво. Полицата на корпите лежи на телескопски шини и нежно се лизга надвор и лесно се отстранува.

Екран на допир

Извонреден допир: Со екранот на допир, ракувањето со Liebherr е лесно и интуитивно. Сите функции се јасно распоредени на екранот. На пример, со лесен допир со прстот може лесно да ги изберете функциите или да ја проверите тековната температура на вашиот фрижидер.

SoftSystem

Од појадок до полноќна закуска – има многу причини да го отворате и затворате фрижидерот. А тоа е навистина е забавно со вашиот Liebherr: Благодарение на SoftSystem, вратата на ладилникот се затвора нежно и безбедно, но и удобно и тивко. Шишињата складирани во внатрешната врата остануваат безбедни – ништо не удира и не тресе.

Систем PowerCooling

Дали сакате да бидете сигурни дека студот е рамномерно распореден во вашиот уред за ладење? Системот PowerCooling обезбедува: Подеднакво моќен и тивок вентилатор кој ефикасно го дистрибуира студениот воздух низ целиот фрижидер.

SuperSilent

Пст – слушајте внимателно: Вашиот Liebherr е толку тивок што мора да ги начулите ушите за да го чуете. Како го постигнуваме ова? Сите компоненти за ладење – компресори, вентили, вентилатори и испарувачи се оптимизирани и совршено компатибилни едни со други. Па така, во вашата кујна ќе го слушате само она што сакате.

Група на производ
Интеграбилен фрижидер со EasyFresh и корпа за шишиња
GTIN
4016803116592
Series
Plus

*

Во согласност со Регулативата ЕУ 2019/2016 година, вкупниот волумен го претставуваме како цел број (заокружен надолу) и волуменот на одделите за замрзнување и свежа храна со едно децимално место. Целосниот спектар на класи на ефикасност може да се најде на страница 9. Според (ЕУ) 2017/1369 6а. Терминот „волумен“ се однесува на терминот „волумен“ споменат во сегашната регулатива.

Имајте предвид: И покрај внимателното одржување на податоците, го задржуваме правото да правиме технички промени и може да има грешки и отстапувања во содржината на сликата и текстот во споредба со оригиналниот апарат.