Ладење и замрзнување
01/09
  • Надворешни димензии: висина / ширина / длабочина - 201,5 / 59,7 / 67,5 cm

  • Вкупна зафатнина - 371 l

  • Нивото на бучава - 35 dB

EasyFresh

Нашата фиока EasyFresh гарантира свежина на пиљарата во вашиот дом. Без разлика дали е овошје или зеленчук: сè е оптимално зачувано. Благодарение на доброто заптивање, храната ја зголемува влажноста во фиоката. Ова значи дека храната останува свежа подолго време.

NoFrost

Кога ќе го отворите вашиот замрзнувач, сакате да видите замрзната храна, а не мраз. NoFrost го штити замрзнувачот од несаканиот мраз, со кој се троши многу енергија и понекогаш е скапо. NoFrost значи: Нема повеќе макотрпно и долготрајно одмрзнување на замрзнувачот, ќе имате повеќе време за други работи и ќе заштедите пари.

DuoCooling

Благодарение на два потполно одделни кола за ладење, DuoCooling осигурува дека нема размена на воздух помеѓу ладилникот и замрзнувачот. Храната не се исуши и мирисот не се пренесува. А тоа значи: помалку фрлање, помалку купување, но и поголема заштеда и уживање.

SteelFinish

Дали сакате отмена елеганција во вашата кујна? Тогаш Liebherr со SteelFinish површина е вашиот избор. Коламинатниот материјал со вертикално четкање изгледа многу слично на вистинскиот нерѓосувачки челик, е цврст и лесно се чисти. Лакираните странични sидови во сребрена боја совршено го надополнуваат елегантниот изглед.

Екран на допир и лизгање

Користете ги само врвовите на прстите и Liebherr ќе ги исполни вашите команди: Благодарение на екранот на допир и лизгање, лесно и интуитивно ќе управувате со вашиот фрижидер. Одберете функција на екранот во боја, како што е „SuperCool“, само со допирање и лизгање. Исто толку лесно е регулирањето на температурата. Што кога не го користите екранот? Тогаш ви ја покажува реалната температура.

2,4-инчен екран на допир

Јасните објави заштедуваат време: Затоа вашиот Liebherr поседува 2,4-инчен Touch & Swipe екран на допир, на предната страна на вратата. На овој начин можете во секое време да го прочитате статусот на уредот и да ги промените поставките. Touch & Swipe екранот на допир е вграден рамно со површината на вратата. Благодарение на висококвалитетните материјали како и сјајната црна површина, кои совршено се вклопуваат со вашиот Liebherr.

*

Вредност според глобален стандард (GS)

**

Во согласност со Регулативата ЕУ 2019/2016 година, вкупниот волумен го претставуваме како цел број (заокружен надолу) и волуменот на одделите за замрзнување и свежа храна со едно децимално место. Целосниот спектар на класи на ефикасност може да се најде на страница 9. Според (ЕУ) 2017/1369 6а. Терминот „волумен“ се однесува на терминот „волумен“ споменат во сегашната регулатива.

Имајте предвид: И покрај внимателното одржување на податоците, го задржуваме правото да правиме технички промени и може да има грешки и отстапувања во содржината на сликата и текстот во споредба со оригиналниот апарат.