Ладење и замрзнување

Нови фрижидери за ­склади­рање вино

Секое вино раскажува некаква приказна, а ние ја правиме повпечатлива.

Вкус: се работи за зрелост.

Новата генерација фрижидери за складирање вино од Liebherr нуди впечатлив одговор на сите предизвици во зреењето на виното – за секаква домашна средина, каде и да сте во светот. За да уживате во виното како што треба да се ужива: кога е најдобро.

Нова генерација совршеност. И во различни серии.

Нашите нови фрижидери за складирање вино

  • Надворешни димензии: висина / ширина / длабочина 168,4 / 59,7 / 76,3 cm

  • Прилагодлив опсег на температура +5 °C до +20 °C

  • Надворешни димензии: висина / ширина / длабочина 204,4 / 74,7 / 76,3 cm

  • Прилагодлив опсег на температура +5 °C до +20 °C

01/04

Сакате да имате своја винарска визба: Нашите решенија за најдобрите услови за складирање.

Олеснете го полнењето.

Функцијата за лесно полнење EasyFill овозможува вратата од фрижидерот за складирање вино да остане отворена кога е отворена повеќе од 90°. Исто така, благодарение на механизмот за самозатворање SelfClosing, вратата се затвора сама кога ќе се отвори помалку од 90° - секогаш нежно колку што бараат вашите вредни вина.

Постојан свеж воздух.

За да се обезбеди виното да се чува на воздух со оптимален квалитет, сите наши фрижидери за складирање вино имаат лесно заменлив филтер со активиран дрвен јаглен што сигурно ги врзува мирисите од различен вид. Секои 6 месеци, уредот ве потсетува автоматски да го замените филтерот.

Целосно убав, вклучително и внатре.

Надворешниот изглед на фрижидерите за складирање вино Liebherr привлекува внимание, но вреди да се погледне и внатре. Комбинацијата од дрвени полици и заден ѕид од не’рѓосувачки челик воодушевува дури и кога се празни.

Дополнителни карактеристики.

Дигитални мрежи: имајте увид во сѐ.

Само помислата дека можеби сте ја оставиле отворена вратата ве загрижува, така што само еден брз поглед на мобилниот уред помага да се успокоите. SmartDevice ви овозможува да проверите дали е сѐ во ред со фрижидерот за складирање вино кога сте во движење.

Зрело и софистицирано.

Дрвените полици се дизајнирани за безбедно, хоризонтално складирање на виното и нивната ергономска форма го олеснува ставањето, вадењето и преуредувањето на шишињата.

Целосна заштита.

Фрижидерите за складирање вино Liebherr имаат сѐ што ви треба за складирање на виното во соврешни услови. Сепак, понекогаш може да се јават проблеми. Ако се случи нешто критично, различните функции за алармирање сигурно ќе ве известат.

Фрижидери за одржување на температурата на виното

Со две до три температурни зони што може независно да се подесуваат – точно до степен – нашите фрижидери за вино со повеќе температури ја нудат најголемата флексибилност за секаква употреба. Тоа значи дека црните вина, белите вина и шампањите може да се складираат истовремено и на идеална температура во еден уред со три температурни зони.

Дали имате прашања или ви треба совет?

Дали барате нов фрижидер или замрзнувач? Само кажете ни што е важно за вас и ние ќе го најдеме вистинскиот модел за вашите индивидуални потреби. Дали веќе имате некој од нашите фрижидери или замрзнувачи и би сакале совет за начинот на употреба и за ракувањето? Обратете ни се. Со задоволство ќе ви помогнеме.

Можете да ни се јавите по телефон од понеделник до петок, од 8:30 до 17:00 часот.

Телефонска линија

00800 50 80 9000

Стапете во контакт со нас

Во формуларот за контакт

Нашите сервисни партнери

Најдете сервисни партнери